Мицкоски го поддржува протестот во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува протестот што утре е планиран во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб именуван „Цар Борис Трети“. Повика масовно да се излезе на протест, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти за, како што рече, „да не им се даде алиби на тие коишто се причината денес Македонија да биде во оваа ситуација“.
-Протестот е демократско право и треба да се протестира, но повикувам тој да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ. Повикувам масовно граѓаните да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува, изјави Мицкоски по поставување камен-темелник за изградба на градинка во општина Бутел.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи