Мицкоски: Економијата е во колапс, можно е грчко сценарио
Економијата е во катастрофална состојба, а доколку продолжи неконтролираното задолжување државата може да доживее грчко сценарио, предупредува опозицијата. Истакнуваат дека во реалноста народот се бори со сиромаштијата, а финансиската моќ на компаниите е лоша. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека економските показатели во вториот квартал ќе бидат лоши и ќе ги побијат владините ветувања за економска година. Вели дека статистиката ги потврдува надолните економски трендови. Просечната плата е пониска од пред половина година, зголемените даноци ги намалиле странски инвестиции, намалени се и градежните активности, буџетскиот дефицит расте, а парите за капитални проекти не се трошат.
-Доколку до крајот на годината дефицитот се реализира онака како што било планирано, тогаш капиталните нема да надминат 50% реализација. Т. Е. Ќе недостасуваат околу 200 милиони евра планирани за капитални во земјава.... Потребно ќ е нова државна обврзница што ќе ја понуди на странските... од минимум половина милијарда евра за санирање на буџетски дефицит но и за обид за корумпирање на граѓаните во рм.. Ако продолжиме неконтролирано да се задолжуваме... има два избори да се сведат на ниско ниво капиталните, што се случува.. а второ е да продолжиме да се задолжуваме до момент кога нема да можеме да го сервисираме долгот.
Од владеачката партија, пак, велат дека токму претходната власт ги остави граѓаните во сиромаштија, а буџетските пари се трошеле непродуктивно. Тоа сега се сменило и голем дел од собраните пари преку различни мерки повторно се враќаат во џебот на народот.
И сегашната, но и претходната власт, очекуваат граѓаните на наредните избори да ја дадат конечната оценка за економијата во земјава.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар