Македонија
20. February 2021 - 16:07

Мицкоски: Додека се мислат дали ќе набавуваат вакцини од Русија, луѓе умираат

Врз основа на информациите кои што во медиумите се присутни гледаме дека практично нема никаква комуникација помеѓу влада и држави кои што се производители на вакцините, меѓу која е и Руската федерација. Јас навистина не знам каде на овие луѓе ќе им оди душата кога знаат дека луѓе денеска го губат својот живот или пак поминуваат низ пандемијата предизвикана од овој КОВИД 19 вирус, а притоа тие калкулираат политички, коленичат мислејќи дека на тој начин ќе остават впечаток за лојални сојузници или за лојални поданици. Навистина не можам да ги разберам каде ќе им оди душата бидејќи кога станува збор за здравјето на граѓаните не е важно од каде доаѓа вакцината, важно е вакцината да е тука и да можат оние луѓе кои што сакаат да се вакцинираат, да се вакцинираат. Јас не можам да ги разберам овие луѓе како заспиваат и како се будат и како ќе продолжат да го живеат животот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи денеска на новинарско прашање по изјавата.

Мицкоски смета дека власта може да биде обвинета за смртта на илјадници граѓани на Македонија, бидејќи не успеала навремено да набави вакцина, нагласувајќи дека не е важно од каде доаѓаат вакцините, туку е важно здравјето и животот на граѓаните.

Тие можат да бидат обвинети за смртта на илјадници наши сограѓани, затоа што навремено не успеале да набават вакцина, без разлика дали таа е од Кина, дали е од Русија, дали е од Европската унија, дали е од САД. Не е важно од каде е. Час поскоро вакцината треба да се донесе, да може оние граѓани кои што сакаат да се вакцинираат, да се вакцинираат, да спасиме живот повеќе, да спасиме здравје. Тоа е суштината и тоа ги прави одговорна влада. Гледате што се случува земји членки на ЕУ се надаваат денеска колку вакцини ќе земат од Кина, од Русија, или пак од другите производители. Но, оваа влада мисли дека ако вака сервилно се однесува па ќе можат да крадат и да лажат, рече тој.

Мицкоски уште еднаш апелираше до власта да престанат да калкулираат и да прават глупости, туку да се фатат за работа и да работат во интерес на сите граѓани, додавајќи дека за ова ќе има одговорност.

Тие треба веднаш да престанат да крадат и да лажат и да се посветат на тоа кое што е нивната работна обврска, а тоа да работат за интересите на граѓаните. Одговорност ќе има, и треба да им е јасно. Ова ќе заврши и одговорност ќе има од првиот до последниот, рече тој. Така што уште еднаш апелирам, работете за здравјето на граѓаните, не калкулирајте, не коленичите, ова се глупости што го

правите. Престанете да крадете и да лажете. Работете и заштитете го здравјето на граѓаните и спасете човечки живот. тоа е мојата порака до нив, истакна Мицкоски.

Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање дали очекува било каква набавка на вакцини во скоро време со оглед дека Зоран Заев изјави дека владата нема да набавува вакцини повеќе отколку што се потребни рече дека ова е срамно што го прави Заев и власта, бидејќи Авганистан има набавено повеќе вакцини од Македонија.

Освен онаа донација која што ја добивме од соседна Србија, практично ние сме единствената држава во свет, Авганистан, Бангладеш, Етиопија и не знам во кои се е започнато вакцинирањето, освен кај нас во Македонија започнато е но со оној интензитет кој што практично дозволува ова донација која што ја добивме од соседна Србија, вели Мицкоски.

Тој апелираше до власта да престане да се глупира и да ги срамува граѓаните на Република Македонија со нивната неспособност, додавајќи дека интензивно работат на формирање на мнозинство се со цел да ја турнат оваа неспособна влада која само ги срамува граѓаните и ја краде државата.

Така што јас би апелирал и би сугерирал да престанат да се глупираат на отворена сцена и да престанат да го срамуваат граѓанинот во Македонија и македонскиот народ со нивната неспособност. Дојде март, започнавме од декември, па јануари, па февруари еве полека изминува, ќе дојде и март а ние се уште немаме ниту вакцини, ниту пак успеваат да ни кажат кога тие вакцини ќе пристигнат. Помина и Нова Година, помина и Божиќ, помина и Бадник, помина и Кинеската нова година, но за жал од вакцините нема ни трага ни глас, изјави тој.

Така што би рекол овој срам кој што го нанесоа на граѓаните треба да престане, а за тоа да престане работиме интензивно и да формираме мнозинство со кое што ќе ја урнеме оваа неспособна влада која што не срамува насекаде, корумпира и влада која што практично ја опљачка Македонија, истакна Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ