Македонија
27. April 2021 - 13:37

Мицкоски: Доблесно е после сите скандали Спасовски да си даде оставка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека нечуено е што претседателот на собранието Талат Џафери им го одзема правото на пратениците од пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за интерпелацијата на министерот Спасовски.

Мицкоски истакна дека после сите скандали доблесно е Спасовски да си даде оставка на функцијата што ја извршува и колку толку да спаси што е останато од неговата чест.

-Нечуено е тоа што го примени вчера спикерот Талат Џафери да се одземе правото на опозицијата да дебатира на интерпелација на министер. Ме зачуди зошто нема 62 пратеника подршка, очигледно двајца недостасуваа. Дали изгубил во меѓувреме треба да си одговори тој на тоа прашање?! Мој совет е дека после сите овие скандали кои што се појавија и кои што ќе се појават како што кажав веднаш после празниците доблесно од негова страна ќе биде да ја напушти позицијата и колку толку да може да спаси од својата чест појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека Спасовски како човек кој што подржува аболиран политичар, кој што национално ја опустоши државата, каков што е Зоран Заев, нема ниту грам достоинство.

-Но човек кој што поддржува слепо аболиран политичар кој што влезе во политиката преку првостепена судска пресуда за да потоа на апелација, во втор степен, да му биде укината, денот како го потпиша оној капитулантски договор односно откако одлучи национално да ја опустоши државата тој човек нема достоинство заврши Мицкоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ