Мицкоски до Заев: Наместо да ја менуваш, замини во историјата
Наместо да кажува дека обезбедува иднина и да ни ја ревидира историјата Зоран Заев треба да замине во историјата и да се тргне од премиерската функција. Колку навреди треба да искажат бугарските политичари Захариева и Каракачанов за да му текне на Заев дека овој народ го плаќа? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со остри пораки во антивладиниот протест што се одржа во главниот град.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да учествуваат на антивладините протести и навести дека викендов ќе биле носени клучни одлуки на штета на државата.
Од бугарските политичари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, побара да не му веруваат на Заев и дека прво што треба да направат е да се извинат. Од европските авторитети пак, побара да ги отпочнат преговорите за членство и да го подржат народот.
Мицкоски го повтори и прашањето за влада на национален спас како решение за здравствената, екномската и политичката криза. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавуваат и нови протести што секојдневно би се одржувале низ целата држава.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар