Македонија
24. November 2020 - 11:57

Мицкоски до Заев и Филипче: Доволно е само да обезбедите кревети и кислород

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку објава на видео им порачува на премиерот Зоран Заев и на министерот за здравство Венко Филипче наместо демагогија да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните.

– Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни. Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани. Епилогот е огромен број на починати. Видеото објаснува се, напиша Мицкоски на Фејсбук.