Мицкоски до Ковачевски: Дали премиерот спие на владини седници
Дали премиерот е турист или ги чита законите кои се носат на владините седници? Ова се прашањата од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако Ковачевски најави амандмани за Законот за амнестија за да се спречи слобода за осудени кои помагале во извршување на тешки кривични дела.
Законот за амнестија беше најавено дека нема да опфати сторители на тешки кривични дела, но нивните помагачи најверојатно ќе излезат на слобода. По Информациите дека Законот за амнестија ќе важи и за помагачите на убиството кај Смилковско, власта најави дека со амандман во собраниска процедура ќе побара измени кои ќе спречат ослободување на лица помагатели при извршување на убиства, тероризам, силувања.
И додека Законот за амнестија чека влез во Собранието, измените во Кривичниот законик денеска се спроведоа и во пракса. Заради застареност, прекина судењето за поранешен член на Судскиот совет кој одговараше за нелегална приватизација на земјиште во Тетово.
„Пред почеток на денешната главна расправа, надлежниот јавен обивнител изврши преквалификација на кривичните дела во обвинителиниот акт согласно последните измени во Кривичниот законик. Со оглед повеќе не може да се гони по изминати 10 години од сторувањето, Јавниот обвинител побара запирање на постапката поради настаната апсолутна застареност“.
По ова, Кривичниот суд одлучил да прекине судењето кое почна пред две години.
Слична судбина ќе имаат уште најмалку десетина предмети. Заради измените во Кривичниот зкаоник, денеска по барање на обвинителство се одложи и судењето за случајот Трезор. Следното рочиште е закажано во ноември, а во меѓувреме, обвинителството ќе анализира дали за предметот настапила апсолутна застареност.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар