Македонија
19. February 2020 - 19:21

Мицкоски: Диригентот диригира црна кампања, ние сме подготвени да одговориме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на техничкиот премиер Оливер Спасовски дека престојната предизборна кампања ќе биде една од највалканите, одговори правајќи паралела дека „диригентот налага како оркестарот ќе свири“.

– Доколку тој не е способен на тоа што се нафатил, а очигледно не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе имаме валкана кампања и да, подготвени сме да одговориме на тие валканици до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај, рече Мицкоски.