Македонија
28. October 2020 - 10:57

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа и од приватниот и од државниот сектор

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик.

Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.
Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.