Мицкоски: Апелирам на обединување, иако имаме различни ставови, но имаме една татковина
Во вчерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.
Мицкоски посочи дека македонските семејства имаат премногу проблеми и релативно тежок живот, а тоа не смее да се дозволи, бидејќи Република Македонија памети и времиња кога граѓаните биле насмеани, а сега сме навистина далеку од тоа, што е навистина жално.
Мицкоски додаде дека македонските граѓани не треба да калкулираат околу активирањето во оваа борба против ова што се случува, затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема никому да прави притисок, како што тоа сега некој го прави. Дојден е момент да проработи националниот дух, момент кога секој граѓанин треба сам да стане и сам пред себе да каже дека сега е историски момент за Република Македонија. Ако македонскиот народ сега попушти, нема да има поправен, додаде Мицкоски.
Мицкоски вели дека иако политичките партии се со спротивни ставови, сепак треба да се направи национално окрупнување кое ќе застане заеднички на браникот на татковината. Политичките препирки, дијалозите помеѓу политичарите се едно, но кога се работи за Република Македонија, редно е да се изгради еден национален штит кој нема да дозволи ниту еден странски политичар да ја навредува и понижува државата.
Доколку граѓаните на Република Македонија без оглед на нивната етничка, верска или партиска припадност, застанат во одбрана на својата земја, не постои сила која што ќе може тоа да го раздвои, ниту пак ќе постои повеќе горд народ од македонскиот, заврши Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура