Македонија
25. January 2021 - 14:07

Мицкоски: Ако се фалат од власта дека имале јаки бази на податоци, ајде нека направат електронски попис

Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија, Христијан Мицкоски преку своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ која се емитува на интернет порталот „Инфомакс“, упати предлог до владејачката гарнитура со однос на престојниот попис кој што е закажан за април годинава, истиот да се спроведе по електронски пат со вкрстување на податоците од базите на податоци, кои што во моментот Македонија ги има десет.

Овој предлог на Мицкоски доаѓа по неколкуте нивни, до сега одбиени предлози од страна на власта, меѓу кои и набавката на терминали за фингерпринт, кои секако ќе треба да се набавуваат за престојните локални избори.

„Еве имаме и трета ексклузивна понуда, направете електронски попис. Еве имате, велите, бази на податоци, вкрстете ги, направете електронски попис. Чуму ви се потребни пари да трошите по луѓе, попишувачи кои што ќе дојдат дома, па потоа да имате двоен потпис иако според законот за статистика, им порача на власта, Мицкоски.

Тој истакна дека добро го прочитал, ново донесениот Закон за попис при што увидел дека актуелниот заменик директор на Заводот за статистика нема никакви ингеренции за да може да има потпис врз резултатите од пописот, истакнувајќи дека таквиот чин е против Уставен и противзаконски.

„Еве јас не сум правник, но читав, заменик директорот во Завод за статистика нема буквално никакви ингеренции, а камо ли двоен потпис. Незаконско е тоа дело, незаконско и неуставно. Тоа е човекот кој што треба да ги контролира процентите кои што однапред некој ги поставил како коалициски договор, и тоа фрла дамка на целиот процес и создава сомнеж кај граѓаните“, истакна Мицкоски.

И затоа, додава тој, е и револтот и недовербата кај определени граѓани, без разлика ан етничката припадност.