Македонија
16. February 2021 - 16:38

Мицкоски: Ако има Северна нема да има етничка припадност во личните карти, Заев вели сакаат да водат љубов без да го прегрнат партнерот

ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на законот за лични карти доколку не биде прифатен нивниот амандман: се уште во документите да не користи Северна, и покрај тоа што прифати во личните карти стои етничката определба бидејки тоа значи враќање на македонскиот идентитет изгубен со Преспанскиот договор.

Лидерот Мицкоски и понатаму тврди дека зад блокадата на Левица стои премиерот Зоран Заев кој не може да го исполни договореното со БЕСА бидејќи дипломати му сугерирале дека тоа е прекршување на спогодбата со Грција.

Од опозицијата објаснуваат дека според Договорот од Преспа се уште не е истечен периодот од 5 години во кој треба да се исполни обврската новото име да стои во личните документи.

Премиерот Заев пак, вели дека името Северна Македонија веќе е дел од Уставот и дека опозцијата само бара изговри да не го прифати решението за кое веќе подаде рака.

Во меѓувреме од Левица не се откажуваат од тоа да ја блокираат собраниската процедура за законот со 1.200 амандмани.

По меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата за тоа во чие име одбратува Левица, од партијата на Апасиев велат дека тие не работат ни за Заев ни за Мицкоски туку за народот.