Македонија
30. јуни 2022 - 21:44

Мицкоски: Ако е толку добар предлогот барам веднаш да се објави на владината веб-страница

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на електронската страна на Владата, посебно ако е толку добар како што викаат.

-Барам веднаш без криење ако е добар толку овој предлог да го објави веднаш на нејзината електронска страница. ВМРО ДПМНЕ нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија.

Тој кажа дека за ВМРО-ДПМНЕ предлогот кој првично беше објавен беше отфрлен и ништовен за патијата.

-Напоменуваме дека сето она што се случуваше изминатиот период од Владата која го лажеше народот дека не е запознаена со предлогот, се со цел како денеска со нарачани реченици во медиумите се обидува да создаде впечаток за голем триумф.