Македонија
4. May 2021 - 11:04

Мицкоски: Aко Делчев беше жив ќе беше прогласен за антизападен и ќе беше омаловажуван

По повод 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша на Фејсбук дека Делчев е љубов, патриотизам, пркос, слобода и најдобриот син на Македонија.

“Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван. Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија. Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија! 4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија! Слава му!“, напиша Мицкоски.

Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван. Зошто?...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, May 3, 2021