Мицкоски: Ахмети ми кажа дека ќе преговара со СДСМ бидејќи победиле во македонскиот блок
Со Али Ахмети имавме едночасовна средба минатата недела во Собранието. На таа средба господинот Ахмети ме информираше дека ќе отпочне преговори за формирање Влада со СДСМ, со изговор дека тоа е партијата што победила во македонскиот блок, нагласи на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање околу средбата со лидерот на ДУИ, Мицкоски рече дека не се согласил со ставот на Ахмети оти СДСМ победила во македонскиот блок, истакнувајќи дека партијата што убедливо победила кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ
Тој потенцира дека принципите за коалицирање на ВМРО ДПМНЕ се јасни. – ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања. ВМРО-ДПМНЕ коалиција ќе направи врз основа на програма, нагласи лидерот на оваа партија.
Во однос на можноста за нови парламентарни избори наесен, Мицкоски цени дека се уште постојат можности за формирање влада, но доколку тие се исцрпат тогаш, како што вели, може да се разговара за нови избори.
– Не се сите можности исцрпени, мислам дека се уште постојат можности за формирање политичка влада, доколку и тие се исцрпат, тогаш може да зборуваме за нови избори, рече Мицкоски.
– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот по неговата верификација на мандатите на пратеници има 40 на број, а СДСМ има 32. Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42. Доколку ги гледаме бројките што ги споредува СДСМ заедно со нивниот коалициски партнер БЕСА е 46. Тоа е исто како сега ние на нашите 44 да додадеме определена друга бројка на определени други пратеници од друга политичка партија и да речеме заедно со овие имаме повеќе од СДСМ. Партијата која е легитимна и кредибилен претставник на македонскиот народ, на Македонците во рамки на Собранието е ВМРО-ДПМНЕ со најголем број пратеници и тоа се 40, заклучи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација