Свет
29. September 2017 - 9:20

Мичел е назначен за заменик-секретар на САД за европски и авроазиски прашања

Американскиот Сенат потврди дека Вес Мичел, ќе ја замени Викторија Нјуланд, на функцијата заменик-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. 

Мичел, е основач на Центарот за анализа на европската политика (ЦЕПА), што се занимава со централна и источна Европа. 

Американските медиуми јавија дека, Мичел е избран по поедноставена процедура на крајот од седницата, каде е потврдено именувањето на повеќе американски дипломати на нови амбасадорски функции.