Ракомет
27. јуни 2018 - 15:17

МИ Тарагона 2018: Македонските ракометарки ќе се борат за медал

Откако каратистите освоија три, а вчера борачите два медали, по едно злато во двата спорта, и македонските ракометарки ќе имаат можност да се борат за медал на Медитеранските игри во шпанскиот град Тарагона
 
Иако останува уште едно коло до крајот на групната фаза сепак македонските ракометарки дефинитивно ќе бидат второ пласирани во Б групата зад Црна Гора од која загубија денеска 23-28 , но благодарение на победата на Турција над Египет, нашите девојки обезбедија пласман во полуфиналето, а со тоа и можност да се борат за медал. 
 
Кој ќе им биде противник во полуфиналето останува да се види.