Живот
15. March 2017 - 11:04

Ми рекоа „Мали имаш рак“: Денес имам 100 килограми мускули - Ова е приказната за мојата борба!

Се започнало еден ден кога Александар се вратил дома од тренинг. Отишол во тоалет да изврши голема нужда, а потоа следувал шок. Приметил дека во шолјата течело крв. Почнал да паничи и заедно со родителите се упатил кон болница. Тогаш Александар ја започнал борбата за живот.
 
- Влегуваме во автомобилот, тргнуваме, но крварењето не престанува. Морав повторно да ја исфрлам крвта, па застанавме пред една месара. Излегов од автомобилот со крвави ногавици, бледо лице, неспособен да се движам. Татко ми едвај ме носеше, бидејќи бев прилично тежок - изјавил Александар за „Телеграф.рс“ пред две години.
 
Во месарата вработената му рекла дека не знае дали би можела да го пушти во тоалет. Во тој момент се појавил сопственикот и почнал да вика: „Ало кретени, тргнете се, тоа е нашиот иден шампион!“
 
- Конечно стигнавме во Брзата помош, и понатаму обилно крварам, а добивам само обична инфузија. Лекарите ми велат дека не е ништо страшно и дека веројатно ми пукнал крвен сад. Родителите малку се смирија, - продолжува Александар.
Од Брзата помош со возило го пренеле во болница. Таму во количка лежел 15 минути и никој не го забележал.
 
- Луѓе, ќе може ли да ми помогнете, - ги прашал дежурните лекари.
 
Конечно лекарите го прегледале и после прегледот го пуштиле дома.
 
Но, следниот ден повторно му било лошо и лекарите му закажале колоноскопија.
- Ме пренесуваат на фамозната колоноскопија, после која се ќе знам. Влегувам во салата и започнува прегледот кој моето тело не може да го издржи без анестезија, па затоа успеаја дами прегледаат само 80 сантиметри од дебелето црево. Не можев повеќе, верувајте ми. Лекарот го прекина прегледот и напиша молба за извршување со целосна анестезија, - вели момчето.
 
Следниот преглед му бил закажан за утредента. Тој од финансиски причини не можел да дојде веднаш. За некој ден собрал пари и ги исконтактирал лекарите за преглед, но тие му рекле дека закаснил. Морал повторно да закаже преглед, а тој му бил закажан дури за три месеци.
 
Одбил да чека толку долго, а 300 евра за преглед во приватна амбуланта немал. Од ден на ден му било се полошо. Лекарите му земале крв од прст и урина и повторно го враќале дома. И така, четвртиот, петтиот, шестиот ден...Полни шеснаесет дена.
 
- Седумнаесетиот ден, повторно во болница. Им велам: „Луѓе драги, погледнете јас страдам од тешка анемија, железото ми е паднато на 0,2. На тоа еден лекар рече „па, вака и е и на мојата мајка“, - зборува младиот човек.
 
Кога лекарот рекол дека ќе го примат само ако крвта падне на 0, неговиот татко, како што вели тој, сакал да фрли бомба во болницата. Повторно го вратиле дома.
 
Дошол и осумнаесеттиот ден. Тогаш му било многу лошо, притисокот му се качил на 280/160 и повторно го однеле во болница. Еден кардиолог успеал брзо да м уго спушти притисокот. Кога виделе дека ситуацијата е сериозна, конечно го испратиле на Одделот за гастроентерологија.
 
- Таму прекрасни луѓе ме примија, и ми рекоа дека после следниот чекор ќе знаат се.
 
Доаѓа денот на Колоноскопија, која се извршува со целосна анестезија. На колоноскопијата приметуваат дека на самиот крај тенкото црево е здебелено за 1,5 сантиметри, земаат примерок и го праќаат на хистопатолошка анализа, кај еден од најдобрите лекари во светот. Тој забележува дека се работи за тумор малигнитет 80 % и дека има лимфом.
- Утредента лекарот ми вели, ќе го цитирам „ Имаш рак, ќе бидеш покакан и помочан, ќе паднеш во кревет, но не очајувај.“
 
Иако веста за болеста му била соопштена на брутален начин, го прифатил тоа како јунак, никогаш не пуштил ниту солза и никому околу него не дозволил да го направи тоа.
 
Го пренеле на одделот за хемотерапија. Немал несакани ефекти, ни гадење ниту повраќање, што било многу полесно за сите. Подоцна почнал да ја губи косата, што претставувало голем шок за него, но најважно му било да оздрави.
 
Веќе после втората хемотерапија, болеста се повлекла. После четвртата, лекарите направиле анализа и виделе дека хемотерапијата вече не помага, но и не пречи. Затоа одлучиле да го оперираат и да му отстранат еден метар црево.
Операцијата успешно поминала, а лекарот после тоа на неговата мајка и рекла: „Неверојатно, секој орган му го фативме со рака и ниту еден не му уништила хемотерапијата“.
 
После напуштање на болницата се лекувал 21 ден на Клиниката за инфективни болести поради дијареата која ја предизвикувале антибиотиците. После тоа целосно закрепнал.
 
- За крај имам да ви кажам дека станав татко на една убава ќерка и сега сум многу среќен. имам 100 килограми мускул и посилен сум од било кога. Не предавајте се никогаш. Сакајте се и чувајте го вашето здравје - порачал на крајот Александар.