Ракомет
4. July 2022 - 10:49

МИ: Македонија во 14ч игра за финале

Mашката репрезентација на Македонија денеска во 14ч го игра  полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир со селекцијата на Египет. 
 
„Фараоните“ се во скоро полн состав откако им се придружи и Али Зеин, па недостигаат само Омар Јахја и Мохамед Мамду.
 
Селекторот  Роберто Парондо и Рубен Гарабаха имаат на располагање силна екипа со Карим Хендави и Мохамед Ел Тајар на голот, па браќата Елдера, Елахмар, Кадах, Елмасри, Санад…
 
Египет во групната фаза забележа три победи против Србија, Италија и Тунис, а последниот натпревар со Словенија го доби службено.
 
Во второто полуфинале ќе играат Шпанија, која беше најдобра во групата на Македонија, и Србија, која го освои второто место во групата А.