Живот
13. јуни 2017 - 15:59

"Ми ги врза нозете, ме претепа па ме силуваше" - Во солзи се гуши додека го опишува ужасот

Пред неколку дена Зерина ги шокираше сите во „Парови“, со признанието дека била претепана и понижувана, а сега откри и дека била силувана и малтретирана на најлош можен начин.

За време на испитувањето на полиграф, Зерина ја отвори душата и раскажа низ каков пекол минувала.

„Да. Се случи тоа што се случи, не сакав самата себеси да си признаам, го потиснував тоа во мене. Едноставно се правев како ништо да не се случило. Не зборував со никого за тоа. Ја познавав личноста која тоа ми го направи. Тоа е многу понижувачки за една жена. На почеток се бранев, но повеќе немав сила. Тоа се случи во станот на таа личност, откако излезе на кратко, по што се врати како ништо да не се случило“, низ солзи раскажува Зерина.

Во солзи Босанка потоа објасни како настанале вознемирувачките слики кои се појавиле во поедини медиуми.

„Таа фотка настанаа после тоа, бев и претепана. Чувствувам како да сум сега гола и да морам да стојам тука, а не сакам. Ми се гади, но и јас се гадам од самата себе. Физички не можев да одам и да го пријавам. Имав повреди по ребрата, нозете, рацете, бев цела со модрици. Најмногу ме болеше лицето и ребрата. На крајот бев врзана за нозете, затоа што се опирав“, изјави Зерина која на крајот призна зошто силувачот никогаш не го пријавил во полиција.

„Не ја пријавив таа личност, не сакав да зборувам за тоа, да не доаѓам до таков вид на конфликт со личност затоа што таа личност е присутна во мојот живот. Неговата реакција беше страшна во најмала рака. Секогаш има повеќе сила“, заклучи Зерина.