Фудбал
7. April 2018 - 17:12

МФЛ: Јовановски стартуваше со победа

Во првиот меч од 26. коло во Првата МФЛ екипата на Работнички во тврд натпревар го совлада Силекс со 2-0.
Домашните поведоа во 29м. кога гостинскиот голман Митровиќ лошо реагираше.Топката ја прифати Ангелов и несебично му асистираше на Кировски за отворање на резултатот.
Во вториот дел Силекс заигра поофанзивно и беше подобар противник но двата опасни удари на Филиповски не донесоа израмнување. И кога гостите ставија се на една карта Чинеду од еден брз противнапад во 93м го постави конечниот резултат 2-0 за Работнички кој го одигра првиот меч под водството на новиот тренер Ѓоре Јовановски кој дојде на местото на Горан Станковски.