Бизнис
20. September 2016 - 17:37

МФ: Разликата меѓу средствата запишани и вратени во стопанството ќе обезбедат фискална сигурност по изборите

Дополнителниот заменик министер за финансии е запознаен - а тоа и јавно го потврди на заедничкото гостување со министерот Миноски на Телевизија Нова, дека разликата помеѓу средствата што ќе се запишат и вратат во стопанството ќе биде ставена на депозитна страна за следната година. На тој начин, првите месеци во постизборниот период се обезбедува простор за непречено финансирање на буџетските потреби и се обезбедува фискална сигурност, стои во реакцијата на Министерството за финансии на изјавата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов по повод денешната аукција на државни хартии од вредност.

Воедно, се посочува дека Наумов на гостувањето немал забелешки по овој став.

- Државните записи се најсигурни хартии од вредност на пазарот на капитал и затоа интересот на инвеститорите за нив е голем. Сепак во насока на водење на прудентна политика во однос на домашното задолжување Министерството за финансии откажа дури 7 аукции предвидени со календарот. Утре, Министерството за финансии во стопанството ќе врати 35,2 милиони евра по основ на доспеани државни хартии од вредност, се наведува во реакцијата од Министерството за финансии.