Македонија
10. October 2016 - 16:32

МФ: Обезбедени се средства за сите кандидати во МВР

Министерството за финансии ги демантира тврдењата дека не се обезбедени пари за плати за 34 кандидати за полициски приправници, кои денеска протестираа пред Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека Министерството за финансии има обезбедено средства за сите кандидати, а вработувањата треба да ги спроведе МВР.