Македонија
23. May 2019 - 16:23

Метлата на Заев почна од партијата - разрешени сите претседатели на општинските организации

Целосна кадровска смена на локалните организации во владејачката СДСМ објави премиерот и претседател на партијата Зоран Заев. Тој, откако долго ја најавуваше метлата во своите редови, синоќа донел одлука да бидат разрешени 78 претседатели на општински организации. Оние кои работеле добро и имале добар изборен резултат ги охрабри повторно да се кандидираат за партиските структури.

Со разрешување на претседателите на општинските организации, паѓаат извршните одбори на локално ниво, затоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани. Постојат за да бидат добра алка за премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што постои пред нас....Секако следат одлуки за промени во највисокото раководство, во другите повисоки органи и тела на партијата, буквално на секое ниво

Постапките за новото партиско екипирање Заев го најавувува за наредната недела. Тој термин го споменува и за смени во третиот владин ешалон – јавни претпријатија и заменички места во минстерствата. Но, премиерот не е прецизен за смените на министерските места

 Коалициските партнери Заев и Ахмети веќе имаа една средба во вторникот, но од таму не излегоа со конректен став освен дека ќе работат на зајакнување на кадровски капицетити за подобри економски резултати. Финален договор нема. Партиски извори ком

ентираат дека со метлата ќе бидат зафатени неколку министри и од редовите на СДСМ и од редовите на ДУИ.

Премиерот Заев ја најави метлата меѓу двата изборни круга поради лошиот резултат на претседателските избори, но и непотизам во пратенчките и министерските редови.