Џет-Сет
27. November 2020 - 9:45

Метју Пери се сврши со 22 години помладата девојка

Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери (51), ја побара за жена неговата девојка Моли Хурвиц, пренесе магазинот „Пипл“. Популарниот глумец и Моли (29) се во врска од 2018 година, но во јавноста првпат се појавија лани.

„Решив да се женам. За среќа, бев во врска со најдобрата жена на светот кога ја добив таа идеја“, рекол Пери за „Пипл“ и ја потврдил веста за веридбата.

Тие, според американските медиуми, веќе некое време живеат заедно, а Моли уште лани за новогодишните празници го запознала семејството на Пери.