Македонија
18. October 2018 - 22:04

Метју Палмер в понеделник во Македонија

 Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од Американската амбасада на нивната фејсбук страна.

- Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, наведуваат од Амбасадата.