Македонија
21. October 2018 - 13:43

Метју Палмер утре доаѓа во Македонија

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, во понеделник доаѓа во Македонија.

Палмер, како што најавија од американската амбасадата, доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Предвидено е Палмер да се сретне со државниот врв, по гласањето во Собранието за почнување на процедурата за уставните измени. 

Американскиот помошник-заменик државен секретар ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, заедно ќе одржат прес конференција во Владата.