Џет-Сет
23. јуни 2016 - 19:29

Метју Мекконахи: Знаев дека мојата сопруга е „вистинската“ уште по првата средба

Актерот Метју Мекконахи (46) е познат по неговите улоги во романтичните холивудски комедии, но се чини дека и неговиот вистински живот е исполнет со чиста романтика.

Таја, актерот во новиот број на списанието „Пипл“, отрки дека во неговата сегашна сопруга Камила Алвес за вљубил веднаш и уште по првата средба знаел дека „таа е вистинската“.

Двојката се запозна во 2006 година во еден ноќен клуб во Лос Анџелес, а Метју таа вечер бил излезен со познатиот велосипедист Ленс Армстронг.

-  На првиот состанок излеговме три дена откако се запознавме и веднаш знаев дека таа е вистинската. Еден ден потоа сакав со неа на уште една средба. Веќе девет години сакам да сум само со неа и со никоја друга, отрки вљубениот актер, кој се сеќава и што се му минало низ главата кога ја видел убавата манекенка.

- Додека се обидував да го привлечам нејзиниото внимание, низ главата ми помина дека тоа е жената чие внимание сакам да го привлечам. Тогаш решив да станам од столицата и да одам до неа, се присети Метју,

Двојката на почетокот имала проблеми со јазичната бариера, имајќи пред вид дека дека Камила е Бразилка, но сепак преовладал јазикот на љубовта.

Метју и Камила се венчаа во 2012 година, а денес имаат три деца.