Метју ја покоси Америка: Прогласена вонредна состојба, повеќе од 330 мртви, евакуирани еден милион луѓе
Бројот на жртвите од ураганот Метју, кој ја зафати Америка, константно расте и во моментов официјалната бројка е 339 загинати. Извештаите велат дека точниот број на жртвите сè уште не може да се дознае во оваа ситуација, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од цивилната заштита во САД.
Бројот на загинати од ураганот Метју расте од час во час , а сега жртвите ги пријавуваат и жителите од помалите места, кои со денови беа отсечени од светот, наведува британската агенција.
– Повеќе од десетина луѓе загинаа во приморскиот град Лес Англес, соопштил Луис Пол Рафаел, од управата на градот.
Агенцијата АФП јавува дека „Метју“ ја зафатил Флорида со ветрови силни до 130 километри на час и силни бури поради што противпожарните служби таму прогласиле полициски час, кој ќе биде на сила до сабота.
Властите во зафатените подрачја апелираат граѓаните во Флорида, кои не се евакуирани, до сабота да не излегуваат од своите домови.
Американскиот национален центар за урагани соопштил дека „Метју“ стана исклучително опасен со ветрови, кои на одредени места достигнале брзина до 220 километри на час, додека вчера минувал на северозападот на Бахамите, по што ја зафатил Флорида.
Иако е се уште прерано да се предвидува каде Метју би можел да нанесе најголеми штети во САД, националниот центар за урагани предупредил дека би можел да го зафати крајбрежното подрачје на Атлантикот од југот на Флорида преку Џорџија до Јужна Каролина.
Локалните власти во Џорџија и Флорида наредиле евакуација на најамалку два милиона луѓе поради опасност од Метју, кој ги зафати и Карибите.
Обама: Вонредната состојба во Џорџија, Флорида и во Северна Каролина
Американскиот претседател Барак Обама прогаси вонредна состојба и во Џорџија со што таа сојузна држава стана третата област под голема опасност откако почна да дивее Метју.
Еден ден претходно, претседателот прогласи вонредна состојба во Флорида и Северна Каролина.
Обама го активираше и Министерството за национална безбедност и Федералната агенција за управување со вонредни ситуации да ги координираат акциите за помош и спасување по последиците кои ги нанаесе ураганот од четрвта категорија, пренесува „Ројтерс“.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење