Македонија
18. March 2018 - 9:22

Метерологот Глигор по невремето во Охрид предупредува: Се што не е негово, кога тогаш езерото ќе си го извади

Охрид го погоди невреме, каде за петнаесеттина минути улиците низ градот и паркинзите пред станбените згради беа исполнети со вода.

Силниот ветер, проследен со врнежи ги разбранува водите на езерото, кое поплави дел од објектите на брегот.

Водата навлезе и во угостителстите објекти. Ветерот со брзина од околу 90 километри на час носел се пред себе и предизвикал многу штети во градот.

Метерологот Глигор Тодоров по невремето во Охрид предупреди дека се што не е негово, кога тогаш езерото ќе си го извади….. трпете ги последиците и не се жалете, напиша Тодоров.