Македонија
24. јуни 2018 - 11:23

Метеоролозите со најнови информации: Очекувајте многу ниски температури

Намалувањето на облачноста во текот на вечерта и претстојната ноќ ќе услови дополнителен пад на температурите на воздухот кои ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски дури и за околу 10 степени од нормалните, вели метеорологот Славчо Попоски.

До утрешното неделно утро температурите на воздухот ќе се спуштат во интервалот од 5 до 14 степпени во најтоплите региони.

На планините, а особено на високите планини (над 2000 метри) температурите ќе се спуштат дури до околу па и под нулата каде е можна појава и на мраз.

Постабилно време ќе имаме во текот на утрешниот неделен ден додека отсега гледано нови врнежи може да очекуваме од понеделник.