Македонија
8. February 2018 - 12:15

„Метеомакс“: Студен бран и циклон доаѓа над Македонија овој викенд – очекувајте и дожд и снег!

Под влијание на циклонска активност и на студена воздушна маса која ќе се спушта од северните географски широчини за време на викендот кој ни доаѓа во нашата држава ќе има врнежи од дожд на ниските и врнежи од снег на повисоките места и на планините каде значително ќе се зголеми снежната покривка.

Поради овој студен бран повремено на запад, северозапад и север врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина помала од 1000 метри што значи снежната граница повремено ќе се спушта и во некои од котлините кој се на поголема надморска височина.

Врнежите ќе бидат со ПОИНТЕНЗИВЕН карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Максимумот на температурите на воздухот за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени во сабота додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Поради ветерот на повисоките места и на планините ќе има појава на снежни наноси.

meteomax.mk