Loading Video...
Ракомет
31. January 2019 - 15:11

Металург со проблеми пред дуелот со фаворизираниот ППД Загреб

Во сабота Металург го пречекува хрватскиот првак ППД Загреб. Во редовите на тимот од Автокоманда се надеваат дека ќе може да го изненади изненадат фаворизираниот Загреб.
 
Иако се соочува со проблеми со повредени играчи, тренерот Брестовац верува дека може да се извлече позитивен резултат. 
 
„Во последните денови имаме два тренинзи дневно. Миличевиќ има проблеми со рамото, Шпенде тренира со намален интензитет.. Ќе го користиме повеќе и Михајловиќ во одбрана, тој напредува добро. Ако се придружуваме на нашиот систем, кој го гаиме изминатиов период мислам дека можеме да одиграме на посакуваното ниво. Се надевам дека ќе го пружиме најдоброто и ќе фатиме континуитет со добрите натпревари од Франција“, изјави Брестовац.
 
Мислењето го дели и младиот Михајло Младеновиќ кој најавува пожртвувана игра. 
 
„Јас мислам дека ако сите го дадеме нашиот максимум на овој натпревар, ќе парираме добро. Мораме да играме дисциплинирало, да нема избрзани шутеви. Имаат поискусни играчи од нашата екипа, се надевам дека ќе бидеме комплетни и ќе можеме да одиграме на високо ниво“, дополни Младеновиќ
 
Дуелот меѓу Металург и ППД Загреб ќе се ќе се игра во сабота во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути.