Loading Video...
Ракомет
2. December 2018 - 15:09

Металург со пораз ја заврши сезоната во Лигата на шампионите

Со пораз на гостувањето кај Татран Прешов (30-24) ракометарите на Металург го завршија својот настап сезонава во Лигата на шампионите.
 
Само една победа над Чеховски Медведи и дури девет порази, тимот од Автокоманда ја има најслабата сезона во елитното натпреварување досега, која секако ќе сака што е можно побрзо да ја заборави, но од неа и да извлече поука. 
 
Избраниците на Брестовац сега ќе може да се насочат кон настапите во регионалната СЕХА лига, во која исто така се при самото дно, а во деветте одиграни дуели имаат дури седум порази и по една победа и реми. 
 
Затоа пак веќе во среда (5 декември) Металург го очекува дуелот со Вардар македонското дерби во СЕХА конкуренцијата.