Loading Video...
Ракомет
17. October 2018 - 13:47

Металург против Железничар ја брка првата победа сезонава

 
 
Во СЦ „Борис Трајковски“ ракометарите на Металург го пречекуваат нишки железничар во натпревар од 6.коло на СЕХА лигата. 
 
Петте порази во исто толкуте одиграни нетапревари во регионалната конкуренција, како и четирите во Лигата на шампионите, засега не им дадоа шанса на младите ракометари на Металург да се израдуваат на победа. 
 
Но, се чини Железничар е екипа по мерка, па од тимот од Автокоманда веруваат дека конечно ќе имаат можност да се израдуваат. 
 
„Имаме убава можност за добар натпревар. Противникот го респектираме, но ова е шанса да одиграме добро и да ја забележиме нашата прва победа. Да бидам искрен, малку сме заморени по двете гостувања во Лигата на шампионите, но сега нашите мисли се насочени само на средбата со Железничар. Заморот ни е непријател, но имаме можност да одиграме добро и да забележиме победа“, вели тренерот на Металург, Данило Брестовац. 
 
Почетокот на дуелот меѓу Металург и Железничар е закажан за 20 часот и 15 минути.