Ракомет
8. September 2020 - 16:01

Металург против Кринс за место во групната фаза на ЕХФ Европска Лига

Швајцарската екипа Кринс ќе биде последната пречка за ракометарите на металург за пласман во групната фаза во ЕХФ Европска лига
 
Ова е исходот од денешната ждрепка за второто квалификациско коло во кое металург првиот меч ќе го игра на домашен терен на 22 септември, додека реваншот во Луцерн на програмата е седум дена подоцна (29 септември).
 
Ако Металург го мине швајцарскиот тим ќе му се приклучи на Еурофарм Пелистер во групната фаза од новоформираното натпреварување.