Ракомет
11. March 2019 - 15:55

Металург посакува со победа над Војводина да ја заврши сезоната во СЕХА лигата

Ракометарите на Металург утре на домашен терен играат против Војводина. Во таборот на Металург посакуваат со победа над Војводина да ја заврши сезоната во СЕХА лигата, која воедно ќе сакаат и што е можно побрзо да ја заборават. 
 
Тимот од Автокоманда, сигурно ќе биде претпоследен на крајот, но прашање е дали барем ќе успее да впише уште една победа. 
 
Тренерот на металурзите  Данило Брестовац очекува неговите избраници да остварат победа и тоа со поголема разлика против српскиот првак Војводина, која на првиот меч во Нови Сад славеше со 31-30. 
 
„Ни доаѓа последниот натпревар, на кој очекувам победа со повисока разлика против Војводина. На гости бевме брутално „претепани, но ние нема така да им вратиме, туку ќе играме фер и коректно“, изјави Брестовац.
 
Утрениот дуел меѓу Металург и Војводина кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути.