Loading Video...
Ракомет
30. September 2018 - 18:42

Металург поразен од Татран Прешов во меч од Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург го претрпеа и третиот пораз во Лигата на шампионите. 
 
Како и на претходните дуели така и во мечот против Татран Прешов, ракометарите на Металург одиграа само едно добро полувреме, првото.
 
Металург лошо го започна мечот, па противникот на стартот имаше и 4-0 предност. Но, набргу избраниците на Брестовац ги консолидираа редовите и со серија од 5-0 го презедоа водството. До крајот на првиот дел се играше гол за гол, па на пауза се замина со резултат 12-13 за Татран. 
 
Иста слика и во воведните 12.минути од вториот дел (18-19), по кои гостите направија серија од 6-1 и во 51.минута имаа шест голови предност (19-25). Ваквата предност искусниот тим на Татран знаеше да ја сочува и на крајот за забележи победа со конечни 24-29.
 
Во редовите на Металург по пет гола постигнаа, Танкоски, Серафимов и Јагањац, додека кај Татран, водено и на мечот, најефикасен беше Бабиќ со шест гола 
 
Во следното коло (7 октомври) Металург гостува во Данска кај Силкеборг. 
 

Потсетување дека вчера вардарци го одиграа својот меч од 3.коло и тоа на гости во Унгарија, каде го совладаа Веспрем со 27-25 , остварувајќи ја трета победа во новата сезона на ЛШ. Во следното коло Вардар го пречекува германскиот Рајн Некар Левен.