Ракомет
13. March 2016 - 17:52

Металург подобар од Пелистер

 
 Ракометарите на Металург со победа го започнаа пролетниот дел од Супер лигата. На средбата одиграна попладнево во салата „Автокоманда“ екипата на Металург до победата над битолски Пелистер со 29-23 ја предводеше Филип Талевски кој постигна  7 гола.
 
Во вториот меч од 15.коло одигран денеска Пролет како гостин славеше со 26-23 во дуелот со Вардар јуниор.  Вчера Работнички убедливо го победи Прилеп со 34-25, а на отворањето на пролетниот дел, во петокот Радовиш со 32-22 славеше победа над Металург 2. 
 
Од ова коло останува да се одигра и натпреварот Охрид – Борец. 
 
Табела: Металург 45 бодови, Охрид 30, Прилеп 30, Работнички 30, Вардар јуниор 18, Радовиш 18, Пролет 18, Борец 16, Пелистер 15 и Металург (2) 1.