Loading Video...
Ракомет
3. December 2018 - 14:16

Металург и Вардар в среда во македонското дерби во СЕХА

Откако викендов го завршија својот настап во Лигата на шампионите, вардарци само календарски, а металурзите воопшто, сега пред двата тима претстои меѓусебната пресметка во регионалната СЕХА лига.
 
Во среда во СЦ „Борис Трајковски“ ракометарите на Металург и Вардар ќе го одиграат македонското дерби во СЕХА лигата. 
 
Во овој меч, двата тима влегуваат од дијаметрално различни позиции. Вардарци кои се актуелни шампиони се лидери на табелата, додека металурзите се претпоследни со само една победа и нерешен резултат и дури седум порази. 
 
Сепак, фаворитската улога на противникот, како и лошата резултатска серија на Металург, според тренерот Брестовац и неговите играчи да се спротивстават со сите сили на скопскиот ривал.
 
„Играме со една од најдобрите екипи во Европа. Сепак, очекувам голема битка. Поквалитетни се, но ќе дадеме се од себе, очекувам добар резултат, а тоа за мене е победа па макар и со еден разлика“, изјави Данило Брестовац.
 
Со својот тренер се согласува и голманот Мартин Томовски. 
 
Голманот Мартин Томовски, исто како и тренерот Брестовац очекува добра игра од неговите соиграчи.
 
„Уште едно СЕХА дерби со Вардар. Иако имавме тешки гостувања, но мислам дека мотивацијата ќе биде на високо ниво. Уморот и сите повреди кои ги имавме на претходните две тешки гостувања нема да дозволиме да не запрат да направиме добар резултат и да му се спротивставиме на Вардар на најдобар можен начин и да ги демантираме критиките на тренерот“, Мартин Томовски.
 
Дербито меѓу металург и Вардар ќе се игра в среда во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот и 15 минути.