Loading Video...
Ракомет
1. October 2020 - 16:10

Металург и Е.Пелистер ќе почекаат за ги дознаат противниците во Европската Лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Металург  ќе мора да почекаат најмалку уште 24 часа за да ги дознаат своите противници во Лигата на Европа.
 
Иако за денеска беше планирано да се одржи ждрепката за групната фаза во новоформираната ракометна Лига на Европа во која Македонија ќе биде претставувана од Металург и Еурофарм Пелистер сепак истата е одложена. 
 
Причината е позитивен случај на Ковоид-19 и тоа на членот на ЕХФ кој е задолжен за спроведување на протоколите меѓу кои и ждрепката. 
 
Затоа од ЕХФ веднаш реагираа, па ждрепката е одложена, а останатите членови се испратени во изолација. 
 
Од Европската куќа на ракометот е најавено дека ждрепката ќе биде одржана утре, по што нашите претставници во Европската лига ќе ги дознаа своите противници.