Ракомет
11. October 2016 - 14:33

Металург гостува во Загреб

 
 
Тренерот на Металург, Лино Червар пред денешното гостување кај ППД Загреб во СЕХА лигата, очекува добра игра на неговите избраници против хрватскиот шампион.
 
- Гостувањето во Загреб за мене е возбудливо искуство. Знам дека нашиот противник е во криза, по поразот од Кристијанштад во Лигата на шампионите, и сигурен сум дека ќе сака пред својата публика да најде начин да ја подигне својата форма, а тоа дополнително ќе ни ја отежни работата. Нашата цел е да одиграме добра сезона и на секој натпревар, па и на утрешниот со Загреб, да играме максимално ангажирано и да покажеме што знаеме. Дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат на  утрешната средба ќе покаже времето, изјави Червар на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.
 
Марко Нелоски фаворитската улога му ја препушти на домаќинот.
 
- Го почитуваме Загреб и секогаш е задоволство да се игра против него. Јас немам пријатно искуство од  претходните средби со Загреб, па со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Домаќинот е фаворит, но на нас е да направиме се возможно и да го изненадиме нашиот противник, рече Нелоски.
 
Натпреварот ППД Загреб – Металург почнува во 18 часот и е во рамките на 6.коло од регионалната ракометна СЕХА лига.