Loading Video...
Ракомет
5. March 2018 - 13:12

Металург без Пешевски, Јагањац и Танкоски против Мешков Брест

Ракометарите на Металург во среда ќе го одиграат мечот од 16.коло во СЕХА лигата, против Мешков Брест. 
 
За Металург преостануваат уште три натпревари во регионалната лигата во која веќе одамна ги загуби шансите за пласман на завршниот Фајнал-фор турнир. 
 
Иако на овој меч тренерот Александар Јовиќ не ќе може да смета на триото Пешевски, Јагањац и Танкоски, сепак во таборот на Металург се надеваат дека може да одиграа добар меч и да извлечат позитивен резултат. 
 
„Мешков е апсолутен фаворит, но ние од наша страна ќе се обидеме се што можеме да направиме и покрај тоа што имаме доста играчи со настинка, надвор од комбинација се Пешевски, Јагањац и Танковски. Ќе смогнеме сили на тој натпревар да дадеме се од себе и да се прикажеме во најдобро светло“, изјави Јовиќ.
 
Дуелот против белоруската екипа на програмата е в среда од 17.30 часот, а до крајот на СЕХА лигата, Металург ќе ги одигра и средбите против Татран Прешов на гости (14 март) и дуелот во Скопје (18 март) против словенечката екипа Цеље.