Ракомет
25. September 2016 - 16:27

Металург 2 подобар од Радовиш

 Младите ракометари на Металург 2 забележа победа над Радовиш во последниот натпревар со кој беше комплетирано 2.коло во македонската Супер лига. 
 
На средбата одиграна попладнево во салата Автокоманда во Скопје, екипата на Металург 2 го совлада Радовиш со 30-27 полувреме 17-16. 
 
Крстевски Горан и Танкоски Марио постигнаа по 7 голови за победничката екипа, додека кај гостите од Радовиш најефикасен беше Фенов Борче кој исто така средбата ја заврши со 7 голови. 
 
На дурите натпревари од ова коло кои беа одиграни претходно, беа постигнати следниве резултати: Пелистер – Прилеп 30-32, ГРК Борец – Работнички 38-20, Вардар Јуниор – Пролет 18-20 и Еурофарм Работник – Охрид 18-17. 
 
Екипата на Прилеп е единствена која оствари две победи и е лидер на табелата со 6 бодови, додека зад неа се Металург 2 и Пролет кои имаат по 4 бода.