Метаболизмот на 20, 30 и 40 години: Како се менуваат работите?
Кога сте биле деца, сте лапнувалле што и да ви дојде на ум без никаква грижа. Растењето, формирањето на коскената структура и постојаната потрошувачка на калории во трчање и скокање ви давала шанса да се препуштите на ненаситност без тоа да влијае негативно на формата.
За жал, со годините тоа се менува и мораме да користиме огромна контрола врз апетитот и да вежбаме за мускулите, бидејќи метаболизмот започнува да опаѓа со околу 2% секоја деценија, тврди Американскиот институт за спортот.
Еве и на што се должи промената и како треба да се храните правилно, за да не се дебелеете.
Во 20-тите
Според многу експерти крајот на тинејџерските години и почетокот до средината на 20-тите е врвот на вашата физичка форма и метаболизам. Тогаш може со леснотија да развиете мускули, се уште вашето тело произведува хормон за раст и коските ви се градат, што е потрошувачка на дополнителни калории. Многу од работите што ги јадете во овој период, со леснотија можат да бидат „согорени” и да изгледате извонредно.
Во 30-тите
Во овој возрасен временски период времето на согорувањето на калории се забавува. На мускулите им треба посериозна и систематска поддршка, а и организмот речиси не произведува хормон за раст. Како капак веројатно веќе сте се фокусирале на кариерата и почнувате да водите поседентарен начин на живот зад бирото.
Совет: Потпрете се на повеќе вежби кои градат повеќе мускули и го засилуваат производството на хормонот за раст во телото – и двете нешта го засилуваат метаболизмот.
Бременост
Ако одлучите да имате бебе, тоа исто така може да го зајакне вашиот метаболизам, трикот е да не се опуштите и да не сметате дека може да јадете за двајца. За време на бременоста е убаво да се зголеми внесувањето калории со 200 калории, а за здраво се смета накачувањето меѓу 8 и 12 килограми во текот на целата бременост.
Доење
Доењето помага да се справите со доста од прифатените калории. Една жена која дои по неколку пати на ден, може да потроши околу 500-1000 калории повеќе на ден.
Во 40-тите
Хормоните веќе не беснеат и нивото на естроген, прогестерон и хормонот за раст ни од далеку не се она што беа. Тие се причината за драстично намалување на метаболичка активност, што наметнува симнување на дневниот внес на калории со 150 калории помалку од она што сте јаделе во текот на 30-тите. Важно е да се движите и да тренирате колку може повеќе.
Во 40-тите е убаво да јадете и повеќе протеини, железо, растителни влакна и витамини.
Ново на Сител
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната