Балкан
26. October 2019 - 9:03

Мета за египетски „Ал – Ахрам“: Проектот „Голема Србија“ не успеа, а идејата за Голема Албанија е неможна

Албанскиот претседател, Илир Мета изјави дека проектот „Голема Србија“ не успеа и дека идејата за Голема Албанија исто така воопшто не е остварлива.

Живееме во комплицирано подрачје. Нема „етнички исчистена“ држава на Балканот. Сосема лудо е да се зборува за експанзионистички проекти “, рече Мета во интервју за египетскиот Ал Ахрам.

Во исто време, тој додаде дека верува во регионален мир, наведувајќи дека односот меѓу Албанија и Грција е исклучително важен, додека пак врската со Турција ја нарече „историска“.