Мета: Состојбата со Ковид-19 во Албанија е вон контрола
Албанскиот претседател Илир Мета оцени дека состојбата со пандемијата со Ковид-19 е вон контрола и ја повика Владата на премиерот Еди Рама да не си игра со здравјето на луѓето.
Според него освен пропаганда Владата нема нокаков план за почеток за масовна вакцинација на населението.
-Не се толерира секојдневно да се бројат само заразени и починати а да не се презема никаква мерка за се спречи ширењето на Ковид -19. Последните денови загрижувачки се бројките на новозаразени и починати, а се полнат и болниците. Апелирам до Владата да не ги третира граѓаните како бројки за дневна статистика, оставајќи ги на судбината. Секој албански граѓанин заслужува достоинствен третман, апелира Мета.
Тој побара од граѓаните да бидат повнимателни и строго да ги почитуваат мерките за заштита.
Неговата реакција доаѓа по континуираното зголемување на бројот на новозаразени и починати, кој вчера достигна нов негативен рекорд. Регистрирани беа 1.089 новозаразени и 15 починати, а зголемен е и бројот на хоспитализирани во четирите ковид болници.
Познати епидемиолози претходно апелираа до владата да почне преговори и со Кина и Русија за набавка на вакцини.
Според премиерот Рама во средина на месецов треба да пристигнат над 10 илјади вакцини од компанијата Фајзер.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари