Мета по средбата со Хоти: Албанија го подржува дијалогот Косово
Албанскиот претседател Илир Мета на попладневната средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, на Косово му посакал многу успех во европската перпектива и го подржал дијалогот со Србија.
„Среќен сум што денеска имав братска средба со премиерот на Република Косово,Авдулах Хоти. Му ја честитав новата функција и посакав многу успех за доброто на Косово,неговиот народ и европската иднина,напиша Мета на Фејсбук.
Додава дека Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји и во тие рамки „се добредојдени напорите на САД и ЕУ“.
Посочува дека е многу битно сите политички сили во Косово да се обединат за сеопфатна платформа во овој процес и оти,според него, либерализацијата на визите за граѓаните на Косово е неопходност што мора да се случи што е можно поскоро.
„Му ветив на премиерот Хоти дека летово со задоволство ќе ги промовирам природните убавини на нашето сакано Косово, убеден дека и многу граѓани од Косово ќе ја поминат туристичката сезона покрај бисерите на крајбрежјето и во прекрасните планини на Албанија“, напиша Мета.
Хоти се сретнал и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша,кој ветил дека „прв проритет кога неговата партија ќе дојде на власт ќе биде укинувањето на патарината на „патот на нацијата“,односно автопатот Тирана – Морина.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ