Балкан
3. July 2020 - 20:31

Мета по средбата со Хоти: Албанија го подржува дијалогот Косово

Албанскиот претседател Илир Мета на попладневната средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, на Косово му посакал многу успех во европската перпектива и го подржал дијалогот со Србија.

„Среќен сум што денеска имав братска средба со премиерот на Република Косово,Авдулах Хоти. Му ја честитав новата функција и посакав многу успех за доброто на Косово,неговиот народ и европската иднина,напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји и во тие рамки „се добредојдени напорите на САД и ЕУ“.

Посочува дека е многу битно сите политички сили во Косово да се обединат за сеопфатна платформа во овој процес и оти,според него, либерализацијата на визите за граѓаните на Косово е неопходност што мора да се случи што е можно поскоро.

„Му ветив на премиерот Хоти дека летово со задоволство ќе ги промовирам природните убавини на нашето сакано Косово, убеден дека и многу граѓани од Косово ќе ја поминат туристичката сезона покрај бисерите на крајбрежјето и во прекрасните планини на Албанија“, напиша Мета.

Хоти се сретнал и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша,кој ветил дека „прв проритет кога неговата партија ќе дојде на власт ќе биде укинувањето на патарината на „патот на нацијата“,односно автопатот Тирана – Морина.