Балкан
14. February 2021 - 9:07

Мета: Никој не смее да се охрабри да го допре гласот на граѓанинот, казнете ги оние што ви нудат пари

Во време кога албанското владејачко мнозинство и опозицијата зборуваат за своите победи на парламентарните избори, шефот на државата Илир Мета е убеден дека на 25 април ќе триумфираат граѓаните.

По обвинувањата на премиерот Еди Рама дека Мета соработувал со корумпирани судии и обвинители суспендрани по спроведениот ветинг, албанскиот претседател повторно го спомна референдумот на 25 април.

– Нема шега, ова е трет и највистински референдум на албанскиот народ за враќање на демократијата и никој да не да се осмели да го допре гласот на граѓаните на Албанија, порача Мета од приморскиот град Саранда.

За да го претворат 25 април во победа за нив, Мета упати директен апел до албанските граѓани.

– Ги повикувам да гласаат против која било политичка сила која врши притсок врз нив… Да ги казнеме преку гласачката кутија. Да ги казнеме оние кои користат нечесни инструменти за да ги понижуваат албански граѓани. Да ги казнеме оние кои се обидуваат да понудат пари за гласови, порача Мета.

Тој, како што рече, го потсетува премиерот Рама и за морската граница со Грција, велејќи дека не може да се преговара за морето на секои четири години, затоа треба да се соработува со институциите.

– Кога сме во Саранда не може, а да го споменеме прашањето за морската граница.Немаше ниту транспарентност, ниту сериозна и кредибилна соработка како што заслужува едно вакво значајно прашање. Ова не е прашање што се решава на секои четири години, мора да се реши еднаш засекогаш, рече тој.

Мета потенцира дека одлуката на Уставниот суд од 2010 година треба да биде водилка на Албанија во преговорите со Грција за прашањето на морската граница.